Ова се мајката и синовите кои загинале во Црна Гора: Го преминувале мостот преку надојдената река, таткото остана без семејството ФОТО

Мајка и два сина, Александра (43), Немања (19) и Младен (16) Коруга загинаа во страшна сообраќајна несреќа што се случи вчера во местото Рогами во Црна Гора.

Несреќата се случила кога „голф 3“ кој минувал преку мостот, од силен порој завршил во реката.

Нивниот сопруг и татко Гојко остана без целото семејство.

Како што стои на некрологот, Александра, Немања и Младен ќе бидат погребани на 22 ноември 2022 година, во Плевља на градските гробишта Чепурци.

Да потсетиме, два автомобили се обидоа да го поминат мостот на малата река Широлија, која се наоѓа под Дукља, но возачот на првиот автомобил се откажал од преминувањето бидејќи реката била премногу надојдена и го поплавила мостот, пишува Стандард.


Детали читајте на Фактор тука.