Ова треба да го направи секој: Во дворот оставете лажица со шеќер и вода
Дали сте знаеле дека пчелите хранат 90% од популацијата и дека ако овие инсекти сосема исчезнат на луѓето им остануваат само четири години живот?
Идејата за оставање лажица со мешавина од шеќер и вода во дворот веќе некое време се шири на интернет и социјалните мрежи. Се чини необична, но за неа постои многу добра причина и затоа секој би требало да го направи ова!
Пчелите се исклучително важни за опстанокот на нашата планета, но тажен е фактот што овие вредни инсекти изумираат. Пчелите ја исхрануваат 90% од популацијата и имаат огромна задача бидеќи опрашуваат скоро третина од храната која ја јадеме.
- Во последните пет години популацијата на пчелите опадна за третина. Ако пчелите изумрат, на луѓето им остануваат само четири години живот- напоменува британскиот зоолог Дејвид Атенбороу.
Но ситуацијата не е безнадежна, доволно е само една работа која може да ја направи секој од нас за да помогне во опстанокот на пчелите, на луѓето и на Земјата.
Има еден едноставен совет: Во лажица измешајте две лажички бел шеќер и една лажичка вода вода и оставате ја во дворот!
Во овој период пчелите често изгладнуваат и изгледаат како да се мртви, но тоа воошто не е така. Тие едноставно можат да се уморат и да им недостига сила за да се вратат во кошницата. Последица на тоа би било кошницата да исчезне.
Може да помогнете и доколу посадите цвеќе во вашиот двор или тераса.
Тоа ќе биде вистинско уживање за вредните пчелички!