Оваа недела лекот Инвермектин во аптеките и болниците: По интрвентниот увоз нова надеж за болните од ковид-19

Антипаразитскиот медикамент Ивермектин се очекува во текот на оваа недела да се најде во македонските аптеки и болници, што според многумина експерти е нова надеж во лекувањето на болните од корона вирусот, се до пристигнувањето на вакцината.

Интервентниот увоз следува откако пред крајот на годината до Агенцијата за лекови МАЛМЕД пристигнаа барања за набавка на Ивермектинот од страна на некои веледрогерии и здравствени установи каде се лекуваат болните од Ковид-19. Неколку дена подоцна, како што за Фактор тогаш потврди првиот човек на МАЛМЕД, Лирим Шабани, Агенцијата за лекови ги издаде потребните одобренија.

Тој посочи и дека по издавање на одобренијата за интервентен увоз, болниците и веледрогериите ќе може да направат нарачки за одредени количества да увезат во Македонија.

-Дали тоа ќе биде од Турција, Грција или Бугарија, останува избор на веледрогериите и болниците, потврди Шабани за Фактор на само еден ден пред крајот на 2020.

Повеќе информации за овој лек, прочитајте на Фактор.мк