Овие две сестри со автомобилот ја прегазиле мајка си, причината ќе ве остави во солзи (ВИДЕО)

Клои и Ени Верон биле мали кога направиле нешто незамисливо - ја прегазиле мајка си со семејниот џип.

Нивната приказна го обиколи светот со брзина на светлината, но наместо осуда, овие девојки добија поддршка од целиот свет - а нивната мајка, која ја преживеа несреќата, стана вистински симбол на пожртвуваност и мајчинска љубов.

Во видеото кое е посветено на нивната мајка, Клои и Ени објаснуваат како пораснале во семејство полно со љубов и поддршка. Двете имаат и помлад брат, а сите тројца биле во автомобилот на тој кобен ден во 1999 година, кога се случило незамисливото.

Семејството Верон отшло на одмор и решило да изнајми куќа. Местото било убаво и се наоѓало веднаш над голема карпа. Тие биле многу среќни! Клои имала 7, Ени 5, а нивниот помал брат само 3 години.


Родителите ги оставиле децата сами во автомобилот

Меѓутоа, кога дошле да ги потпишат документите за куќата, родителите, бабите и дедовците излегле од автомобилот, а децата ги оставиле сами внатре. Иако автомобилот бил исклучен, а клучевите биле кај мама, џипот почнал да се движи.

Директно кон карпата.

Tогаш мајката без размислување го направила единственото нешто што можела да го направи за да ги спаси своите деца - го жртвувала сопствениот живот.

Таа се фрлила под автомобилот, а Клои и Ени објаснуваат дека само почувствувале како автомобилот поминал преку нерамнина. Таа испакнатина била нивната мајка.

Таа испакнатина им ги спасила животите. Благодарение на херојскиот чин на мајката, автомобилот забавил доволно за дедото да притрча до возилото и да ја притисне рачната сопирачка.


Иако според сите закони на физиката тежината на џипот треба да ја убие мајката - тоа не се случило! Преживеала, но била имобилизирана од половината надолу.

Сепак, таа никогаш не зажалила затоа што знае дека ги спасила животите на своите деца - и тоа што била во инвалидска количка никогаш не ја спречилода дојде на училишна игра, тениски турнир или на кој било настан што бил важен за нејзините деца.