Овие намирници се строго забранети: Почнува Петровденскиот пост а ова треба да го знаете

Православните верници денеска го започнуваат Петровденскиот пост кој се завршува пред Петровден, празникот за апостолот Свети Петар кој го обележуваме на 12-ти јули.

Петровденскиот пост се нарекува и апостолски, а почнува првиот понедленик после Духовната недела и трае до празнникот на Светите апостоли Петар и Павел.

Почетокот на Петровденскиот пост е различен и зависи од Велигден, а крајот е секогаш на празникот. Најкратко може да треа една недела и еден ден, а најдолго шест недели.

Целта на постот, како што налагаат правилата на верата, не можат да се постигнат само со воздржување од мрсна храна, но со воздржување од лоши мисли, зборови и дела и со задолжителна молирва, по пример на Спасителот кој постеше во пустина и чиј пример го следеа Богородица и апостолите.

Во текот на овој пост понеделник, среда и петок се постат со вода. Вторник и четврток се постат со масло, додека сабота и недела со риба.

Овој пост е сличен со Божиќниот, само е малку поблаг. За време на неговото траење не се јаде месо, млечни производи и јајца.

Како еден од најмалку строгите постови, во текот на празнувањето верниците можат да си дозволат разни намирници кои инаку не се препорачуваат, но тоа не значи дека можат да јадат што сакаат.

Ако веќе сте се одлучиле на овој чекор, како и секој верник кој по правило мора да пости макар еднаш во текот на секој пост, треба да се воздржите и од лоши мисли и дела.

Деновите в очи на Петровден, исто така строго се пости, освен ако се падне во сабота или недела кога е дозволена употреба на масло. Доколку Петровден се падне во среда или петок, и тој ден не се мрси, но се јаде риба, вино и масло.