ПАЛЕВСКИ МОЖЕ И ТОА КАКО ДА ЈА ЗАКОЧИ ЕКСТРАДИЦИЈАТА: „Му треба само добар адвокат“, велат експерти

Добивај вести на Viber

Осомничениот за монструозното убиство на малолетната Вања Ѓурчевска од Скопје и Панче Жежовски од Велес, Љупчо Палевски-Палчо, доколку сака и доколку има добар адвокат, би можел комплетно да ја закочи постапката за екстрадиција.

Според адвокати од кривичното право, кои заради сензитивноста на случајот сакаа да останат анонимки, Палевски би можел со месеци, па и години да остане во Турција.

„ Доколку има добар адвокат, тој прво може воопшто и да не прифати да биде екстрадиран во земјава со тврдење дека во Македонија му се случува политички прогон, а во прилог на тоа многу лесно ќе обезбеди докази од експлицитните изјави на надлежните за него “ вели адвокатот кој го консултираше „Фактор“.

Подетално на Фактор тука.