Панчо: Го чистам умот од лоши луѓе, далеку од дома

Добивај вести на Viber

„Колку сум среќен што сум надвор од мојата земја, чистејќи го умот од лоши луѓе и од негативна енергија“, напиша хип-хоп музичарот Владимир Блажев- Панчо на својот фејсбук профил до објавената слика од Тетарот во Чикаго.

Панчо, заедно со неговиот колега Андреј од дуото ДНК се во САД, каде што најавија работа на нови проекти и настап во клубови кои ги постеуваат нашите иселеници. Блажев постави уште една трогателна слика на својот инстаграм профил од бездомник кој вели дека е гладен. Потресен од глетката, во објавата под сликата Панчо во „хаштаг“ дури и го опцу американскиот претседател Доналд Трамп.

Во Чикаго, заедно со ДНК е и Елена Ристеска која исто така најави настапи во Америка.