Пејачката Александра Јанева за прв пат го покажа момчето: Уживаат во зајдисонцето

Младата пејачка Александра Јанева минатата година, на почетокот на пандемијата во интервју за Женски магазин изјави дека веќе подолго време не е заљубена и дека карантинот сепак лошо влијаел на љубовта.

Но, денес на својот Инстаграм профил пејачката сподели три фотографии на кои таа е со момче. 

Претпоставуваме дека Јанева деновиве ужива со своето момче на плажа, а до објавата напиша: „Бркајќи го зајдисонцето“.


Колку време Јанева е со момчето не знаеме, но по долгиот и здодевен карантин и посакуваме многу љубов.


Фото: Инстаграм/Александра Јанева