Пејачката Слаѓа Алегро исфрли една работа од менито и ослабе 30 килограми: Изгледа подобро од кога било
Пејачката го откри своето мени.
Слаѓа Алегро откри дека по породувањето долго страдала од прекумерна тежина и дека не обрнувала многу внимание на исхраната за време на бременоста, па затоа се здебелила до 82 килограми.
Пејачката во тоа време не се интересирала за килограмите, бидејќи се оствари нејзиниот најголем сон - да стане мајка, но подоцна сфатила дека килограмите нема да исчезнат сами по себе.
Таа објасни дека јадела 300 грама чоколадо на ден без каење и дека често конзумирала „брза храна“.
„Бев навистина дебела. Имав 82 килограми, што е многу на мојата висина. Во бременоста се опуштив, тоа беше остварување на мојата најголема желба. Навистина не се грижев за ништо друго. Јадев 300 грама чоколадо на ден, како и „брза храна“. И тоа остави трага на мојата фигура. Кога бев бремена, не ни размислував за килограмите, но кога се породив, сфатив дека нема да исчезнат така лесно“, рече Слаѓа и додаде дека навистина се обидела да ја врати својата младешка фигура:
„Бремените жени мислат дека лесно ќе се ослободат од вишокот килограми, но тоа навистина не е така. Особено ако сте во годините како мене кога ја родив Мила. После бременоста, треба да работите напорно на себе за да го вратите вашето тело во нормала“.
Пејачката, која сега има 52 килограми, истакнува дека успеала да ја врати линијата благодарение на сопругот Зоран и регулирана диета. Исто така, пејачката истакна дека целосно ги елиминирала слатките работи.
„Мојот сопруг Зоран е вистински војник! Тој ми помогна да контролирам што јадам, што е многу важно ако немате доволно волја. Целосно ја сменив исхраната, исфрлив слатки работи, а и ќерка ми Мила многу ми помогна. Поради неа, почнав да легнувам на време навечер и да станувам рано, и тоа е многу важен фактор кога станува збор за губење на тежината “, заклучи таа.
Слаѓа приложи и пример што јаде во еден ден од дневното мени:
ПОЈАДОК: Сендвич со мисиркини гради и чај
РУЧЕК: Пилешко со салата
ВЕЧЕР: Риба со зеленчук на скара
извор:zenskikutak.rs