ПЕТ РАБОТИ ШТО НЕ ГИ ЗНАЕТЕ ЗА РОНАЛДО

Добивај вести на Viber

1. Името го добил по поранешен американски претседател

Целосното име на фудбалерот на Реал е Кристијано Роналдо дос Сантос Авиеро. Неговиот татко бил голем фан на поранешниот американски претседател Роналд Реган и поради тоа одлучил покрај името Кристијано да го додаде и Роналдо.

2. Миленик во семејството

Фудбалскиот ас е најмалото дете во фамилијата Авиеро. Има постар брат и две постари сестри со кои ја делел собата во тинејџерските денови.

3. Го викале Плачливко

Уште од мали нозе додека играл фудбал лесно знаел да заплаче ако не постигне гол.

4. Исфрлен од училиште

На 14 години бил суспендиран од училиштето бидејќи фрлил стол кон професорот кој, наводно, не му обраќал доволно внимание.

5. Тешка операција

Стравувајќи за иднината на неговата спортска кариера, на 15-годишна возраст имал ласерска операција на срцето.