Писмо од момче до Дедо Мраз: Имам само една желба. Однесете ги сите политичари со вас во Северниот Пол
Почитуван
Дедо Мраз,
Имам само една желба и ве замолувам да ја исполните. Кога ќе се вратите на Северниот пол, земете ги сите политичари, ама баш сите. Не заборавај ниту еден од нив овде. Ве молам, само држете ги добро по вашиот пат за да не избегаат. Тогаш ќе можам да ја гледам мојата програма на ТВ, а не собранието што го гледа татко ми и нивните кавги. Ве молам, ангажирајте ги таму на Северниот пол за да ви спакуваат играчки и слатки. Само бидете внимателни, тие ќе расправаат и таму затоа што се навикнати на тоа. Ако дозволите да се расправаат, тие нема да направат ништо, па следниот пат ќе мора да доаѓате без играчки и бонбони. Се надевам дека ќе можете да го решите тоа и да ја исполните мојата желба. Само за да ви кажам дека, што се однесува до мене, не мора да ги враќате.
Ваш Петар П.
Писмото е напишано од дете по име Петар П. од Градишка, Хрватска. Искреното писмо на детенцето, стигнало до центарот за култура во Градишка, а од таму се потрудиле да добие Петар одговор од Дедо Мраз.
Почитуван Петар,
Дедо Мраз од Културниот центар, тешко може да ја исполни оваа желба. Можеби е и единствената што е невозможно да се исполни за дете, но ние го објавивме твоето писмо со надеж дека сите политичари ќе го прочитаат и ќе разберат како размислува, што мисли и како се чувствува малиот Петар.
Вашиот Дедо Мраз од Центарот за култура во Градишка.
Извор buka.com