По 14 години брак, сопругот ја оставил затоа што останала неподвижа, а нејзината одмазда била пеколна: Сакала да умре, но го сретнала него ѝ се случило чудо
Наизглед совршен брак, 14 години заедно, четири деца, а потоа сообраќајна несреќа, мозочен удар, парализа на нозете и развод.
Се сѐ случило за пет дена во животот на 42-годишна жена од Западен Јоркшир. И кога сакала да се откаже од себе и од својот живот, сè се променило. А поттикот за промената била љубовта со нов маж.
Риона Кели останала во инвалидска количка откако доживеала мозочен удар, а лекарите и предвиделе дека никогаш повеќе нема да оди. Само пет дена откако дознала дека ќе мора да го помине остатокот од животот во инвалидска количка, нејзиниот сопруг ја оставил со кој била во брак 14 години и имала четири деца - Лејнар, Калеб, Изабела и Логан. Само што и донел документи за развод, а својот бесчувствителен чин го оправдал со тоа што сакал да се разделат уште пред сообраќајната несреќа која ја парализирала од половината надолу.
Минувала низ тежок период и, како што вели, тогаш некој да и дал избор, ќе одбрала да не живее. За среќа, ја имала поддршката од нејзината најдобра пријателка Сара, која како член на семејството се грижела за децата и правела се што е потребно.
Тешко го прифатила животот во инвалидска количка
„Првиот пат кога излегов во инвалидска количка, мислев дека сите ме гледаат, го мразев тоа и се мразев себеси. Да ми дадеше некој избор на живот или смрт, ќе го избрав второто бидејќи не сакав да живеам повеќе“, раскажала Риона.
Но, се сеќава и дека и самата поминала лошо во бракот, но се трудела да го одржи заради децата и сите изминати години.
„Кога ќе се сетам наназад, се чувствував лошо во мојот брак, но изградивме заеднички живот и имавме одговорност кон децата. Тоа беше периодот кога најмногу ми требаше мојот сопруг“, изјавила оваа млада жена за „The Sun“ во 2017 година кога се случила несреќата.
За време на опоравувањето, таа секој ден одела на терапија со тренерот Кит Мејсон, во кој по некое време се заљубила. Благодарение на неговите вежби, но и на големата љубов и внимание, Риона и покрај лошите прогнози повторно можела да оди.
„Буквално го влечев телото бидејќи не ги чувствував нозете, но не ми беше грижа. Одев и тоа беше единственото нешто што беше важно. По четири месеци во болница станав посилна и застанав на нозе. Ми требаа 25 минути да направам само 16 чекори, но бев упорна поради моите деца“, се присетила Риона и додала дека конечно се чувствува како да го живее животот што го заслужува.
Инаку, Риона учествуваше на два маратони во инвалидска количка, а сега може да оди сосема самостојно.
„Инвалидска количка ми треба само на подолги релации, но мојот дом не е приспособен за неа, па се трудам што помалку да ја користам“, изјавила оваа млада жена и додала дека тоа е веројатно најдоброто нешто што и се случило.
„Сега тренирам во теретана, а со помош на Кит секој ден станувам се посилна“, заклучила тогаш Риона.
Повторно мозочен удар и операција на срцето
За жал, пред три години таа доживеа уште еден мозочен удар и по втор пат врза за инвалидска количка, но Кит беше тука да ја поддржи пишувајќи бројни пораки за поддршка на својот Фејсбук профил.
Во февруари 2022 година, таа имаше голема операција на срцето, за што Кит исто така ги информираше следбениците на социјалните мрежи и ги замоли да се молат за закрепнување на Риона.
За последните две години, ниту една фотографија од нив заедно не може да се види на неговиот профил, додека Риона ги затвори сите свои социјални мрежи.
Фото:Фејсбук
Извор: Zena.blic.rs