По цели три децении, куќата на “Сам дома“ е сè уште актулна: Обожаватлите и денес го посетуваат ова култно место (ВИДЕО)

Добивај вести на Viber

Кој филм, ако не „Сам дома“, е класика за овој период од годината, особено омилен за сите генерации кои се љубители на божиќните филмови. И по речиси 30 години, гледачите се воодушевени од изгледот на семејната куќа од филмот на детето Кевин Мекалистер кој го игра актерот Меколи Калкин. токму првите два дела се снимени во оваа преубава куќаво Винетки, близу Чикаго во САД.

Таа има 10 спални соби и шест бањи. Мариса Хопкинс, агентот за недвижности објави и Јутјуб-видео од куќата и нејзиниот изглед внатре и надвор.

Оваа куќа повторно го привлече вниманието на јавноста пред неколку години, кога семејството Абендшиен реши да ја продаде, за 2,4 милиони долари. Тие таа куќа ја купиле во 1998 година, за 800.000 долари помалку.

Обожавателите сè уште го посетуваат местото во овој период од годината со децении, а пред неколку години, „Ер-БНБ“ понуди можност за еднодневен престој во самата куќа на Кевин и неговото семејство. Тогаш домот беше уреден исто како во филмот. 

Фото:screenshot