(ФОТО) По операција на желудникот почина од глад: Ќерките ја молеле, а таа не можела да јаде

Шантел Граф очајнички се трудела да ја нахрани својата мајка, но секој труд бил неуспешен, па таа и нејзината сестра Мелина биле сведоци на страшната смрт на својата мајка.

Анџела Џонс достигнала тежина од 165 килограми, а со години пробувала да ослабне, па продецурата на вградување бајпас на желудник ѝ се чинело како единствен лек за гојазноста.

Операцијата ги тргнала вишокот килограми, но тоа се одвивало со неверојатна брзина, па за само една година Анџела изгубила дури 127 килограми.

Изгубила контрола на слабеењето и четири години по операцијата починала, а во моментот на смртта имала само 31 килограм.

Нејзините 19 -годишна и 23-годишна ќерка се потресени од ваквата смрт на мајката, која верувала дека операцијата ќе ѝ го смени животот на подобро.

Во Велика Британија се изведуваат околу 6.500 годишно, за редукција на телесната тежина. Во текот на операцијата на Анџела ѝ извадиле дел од дигестивниот тракт за да се намали потребата за храна.

Анџела имала проблеми со килограмите целиот свој живот, дури користела и стап за да може да оди. Љубовта кон храната ѝ донела здравствени проблеми како дијабетес, а ја довела и до животна опасност.

Сепак операцијата која се чинела како единствено решение за проблемите, за нејзе била фатална.

- Не можеше да голта, едвај внесуваше течна храна. Ја преколнував мајка ми да јаде, дури се обидувава и да ја нахранам. Ни ги скрши срцата- раскажува ќерката Шантел.

Тинејџерката ја бањала мајка си, ја носела во тоалет и цело време се надевала дека ситуацијата ќе се подобри. Таткото и сопруг на Анџела ги напуштил бидејќи не можел да го издржи притисокот.

- Операцијата ја изгладна до смрт. Од неа останаа кожа и коски, поради операцијата помина низ пекол- завршува ќерката.


Извор: Мирор