По повод нејзиниот четврти роденден: Ана Николиќ конечно ја покажа ќерката (ФОТО)

Ќерката на поп - sвездата Ана Николиќ и раперот Раста, Тара, денеска го слави својот 4-ти роденден, а по тој повод, пејачката за првпат објави фотка од неа на социјалните мрежи.

Ана конечно одлучи да ја покаже својата ќерка на јавноста, а првата фотографија од симпатичното лице на Тара беше проследена со емотивна порака.

„Јас ќе бидам твоја поддршка и карпа... и кога ќе се распаднам на илјада делови... ќе бидам сè што може и што не може, и што е потребно и што не е потребно, и меч и штит, и небо и ѕид… Ќе бидам сè што никој не бил за мене...  Те сака мама! Среќен роденден, моја единствена безусловна љубов... Тара“, напиша Ана на Инстаграм.


Воодушевените следбеници коментираат дека малата Тара е копија на Ана.

Да потсетиме, пејачката ја доби ќерката Тара пред точно 4 години со раперот Раста. Тие двајца се разведоа пред 2 години и подеднакво се грижат за својата ќерка.

извор:nova.rs