По свадбата, заминаа на меден месец: Павле Богоевски и Александра на несекојдневно патување

Маврициус е дестинацијата на која отпатуваа екс пратеникот Павле Богоевски и неговата избраничка Александра, на меден месец.

На 17-ти минатиот мецес тие правеа свадбена веселба, а денес веќе заедничките мигови ги исполнуваат со несекојдневни активности, уживајќи во убавините на егзотичниот остров во Индискиот Океан кој со водата во тиркизна боја, песочните плажи, планините, водопадите и тропската клима претставува скапоцен камен на Африка.

Маурициус е туристичкиот бисер на Африка, а во последните неколку години зазема препознатливо место во туристичкиот сектор.


На социјалните мрежи Павле, сподели како ги поминуваат деновите од медениот месец.


Павле Богоевски се ожени: Невеста во нежна венчаница и одлична свадбена веселба (ФОТО+ВИДЕО)