Почина мајката на Тања и Лидија Кочовски: Невена беше македонска музичка легенда

Добивај вести на Viber

Тажна вест пристигна од семејството Кочовски. Скршено црно срце на Фејсбук објави Тања Кочовска. Со ова таа ја информираше јавноста дека починала нејзината мајка Невена Кочовска.

Невена Кочовска долги години од животот помина на сцената како дел од ансамблот „Мањифико“, а поради нејзиниот глас многумина ја засакаа мексиканската и шпанската народна музика и шпанскиот јазик. 


Нејзината големина е рамна на легенда, таа  беше дел од легендарниот ансамбл  „Мањифико”, настапуваше пред Тито и Јованка Броз, направија 42 хуманитарни концерти за Скопје по земјотресот...

Невена боледуваше од Алцхајмер, болест која се манифестира со намалување на дневните активности и когнитивните способности, односно моќ на спознавање. Карактерот на болеста полека го уништува не само болниот, туку и неговото семејство. Првите симптоми на деменција нивната мајка ги добила пред пет години, а од неодамна состојба е многу влошена. 

Нејзините две ќерки, сестрите Лидија и Тања Кочовски неодамна за Женски магазин зборуваа колку име тешко кога не го препознава татко им Панче или кога ќе ги заборави нивните имиња, но велат, мајчинскиот инстикт кај неа е многу голем и во ваква состојба и таа никогаш не заборава дека тие и се ќерки.

Невена и Панче Кочовски беа дел од легендарниот ансамбл  „Мањифико”, кој стана свестки популарен, со обработките на латино-американските песни. Свиреа пред Јосип Броз-Тито и поранешниот мексикански претседател Лопез Матео. Одржаа повеќе од 3.700 самостојни концерти во повеќе од 30 земји во светот. Постарите генерации ги паметат како хуманитарци, кои направиле 42 концерти за настраданото Скопје во земјотресот во 1963 година.

фото:facebook/tanjakocovska / instagram/lidijamagnifico

(ВИДЕО) Иако боледува од Алцхајмер и заборава, Невена Кочовска од срце запеа со сопругот и ќерката како во старите добри времиња