Подготвена да го смени и презимето: Сара Јо ужива во љубовта со згодното момче (ФОТО)

Момчето на Сара Jо внесе нова радост во нејзиниот живот

Талентираната пејачка Сара Јовановиќ веќе извесно време ужива во врската со својот избраник, а љубовниците го користат секој слободен момент да го поминат заедно и се чини дека се речиси неразделни. Жига Сотлар, момчето на Сара Jо како да ја држи својата сакана како малку вода на дланка, а често сме сведоци на нивните љубовни погледи и нежни прегратки, а не е чудно што многумина коментираат дека се создадени еден за друг.

Дека Жигa Сотлар ѝ е сродна душа говори и тоа што ја делат љубовта кон уметноста, а на Инстаграм профилот на Сара често можеме да ги видиме нивните танцови изведби кои не воодушевуваат повторно и повторно, а сега пејачката реши да направи малку поголем чекор и на својот профил објави заедничка фотографија од неговата родната Словенија, а она што ја скокотка фантазијата на нејзините следбеници е описот.

„Сара Со воопшто не звучи лошо“ – пишува во описот на убавата фотографија, а многумина се согласуваат дека овој краток коментар испраќа многу јасна порака, имајќи предвид дека во препознатливото Сара Јо е подготвена да ги замени првите букви од презимето на своето момче. Според сите наводи, наскоро на раката на пејачката ќе се појави прстен, што во случајот на оваа заљубена двојка е сосема логичен редослед на настаните.

View this post on Instagram

A post shared by Sara Jo (@sarajoofficial)


Инаку, тие двајца соработуваат долги години, а нивната деловна и пријателска врска прерасна во љубов.

- Учам словенечки. Дефинитивно се случува ново поглавје во однос на многу работи во мојот живот. Во право беше астрологот кога рече дека овој период ќе биде многу значаен - изјави неодамна Сара.


Извор: www.story.rs