Поглед од милион долари: Драгана Мирковиќ ужива во луксузен ресорт (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Драгана Мирковиќ периодов замина на потоплите места да се одмoри, а на социјалните мрежи се пофали со кадрите од луксузениот хотел и егзотичничните плажи.

Фолк ѕвездата среде летната сезона, кога повеќето нејзини колешки работат, одлучи конечно да здивне по бројните исцрпувачки обврски и настапи.

Имено, таа отпатува во Турција, поточно во Бодрум, а на социјалните мрежи објави слики од луксузниот хотел во кој престојува.

На фотографиите се гледа, егзотичната плажа и порции овошје  кои очигледно и се од помош на температури карактеристични за оваа дестинација.

Ноќевање во хотелот во кој престојувала фолк ѕвездата, според податоците достапни на интернет, чини повеќе од 36.000 динари, а на социјалните мрежи на големо се коментира дека пејачката после толку години работа конечно заслужила да се одмори.



Фото:draganamirkovic/instagram