Погледнете ја свадбата на годината: Врвот на шпанската елита и благородништво на едно место, стил како за на Оскари

Минатиот викенд „најочекуваната шпанска венчавка на годината“ се одржа во Пласенсија, Шпанија, а на лудиот камен застанаа маркизот Алваро Фалко (38) и Изабел Јуно (30), една од припадничките на тамошната елита.

Младенците се обврзаа на вечна љубов во палатата на маркизот Мирабела, опкружени со самиот крем на шпанското општество - ѕвезди на Инстаграм, модели, членови на кралското семејство и благородништвото.

Целата атмосфера беше многу гламурозна, а гостите блеснаа во елегантни изданија, светли бои и со задолжителниот додаток во форма на капи и фасцинатори.

Од друга страна, невестата Изабел блесна во едноставна, но неверојатна бела сатенска венчаница од Pronovias, надополнета со долг вел и прекрасна дијамантска круна.

View this post on Instagram

A post shared by Metro Society (@metrosocietyph)



Фото: Профимедиа/Инстаграм

ГАЛЕРИЈА: