Пол Рад е прогласен е за најсекси маж на светот за 2021 година: Кога ѝ соопштил на сопругата „прснала“ во смеа

Актерот Пол Рад е прогласен за „најсекси маж на светот“ за 2021 година.

Иако многумина често го фалеа дека е љубезен, вреден, културен - тој без размислување ги прифаќаше сите тие „етикети“ и комплименти, но „секси“ е нешто ново за него, како што самиот вели.

- Имам доволно свест да знам дека кога ќе слушнат луѓето дека ќе бидам избран за ова, ќе речат: „Што?“ – вели актерот (52) за магазинот „Пипл“ и додава дека верува дека има уште толку луѓе кои ја заслужуваат оваа титула повеќе од него.

Таквото скромно мислење во комбинација со неговите зелени очи и нежната насмевка е токму причината поради која публиката низ годините се заљуби во Пол, а оваа љубов започна во 2015 година кога тој се појави на големото платно како суперхеројот „Anteman“ во истоимениот филм на Марвел.

Сепак, Рад инсистира дека е најсреќен дома со сопругата Џули (53) и нивните деца Џек (17) и Дарби (12).

„Кога мислам за себе, мислам за себе како за сопруг и татко, затоа што тоа сум“, вели тој.

Сопругата на актерот била единствената личност на која тој ѝ кажал за неговата нова титула.

- Таа беше запрепастена. Но, на многу симпатичен начин. Откако се изнасмеа и се шокираше, таа рече „Ох, добро е, сфатиле“, и тоа беше многу слатко.

Сега кога и „официјално е секси“, Рад очекува дека животот ќе му се „промени“.

„Сега се надевам дека конечно ќе бидам поканет на една од оние секси вечери со Клуни, Бред Пит и Б. Џордан“, вели тој, додавајќи низ смеа: „И претпоставувам дека ќе бидам на многу повеќе јахти. Возбуден сум да го живеам животот на јахта“ - се шегува актерот.

извор:najzena

фото:PROFIMEDIA