Полицијата во болница: Кои казни му се закануваат на Дарко Лазиќ
Откако добија информација дека Дарко Лазиќ се разбуди од вештачка кома, полицајците дојдоа во Клиничкиот центар во Земун за да добијат изјава за сообраќајна несреќа што се случи на 23-ти октомври.
Како што наведуваат српските портали, Полицајците најпрво отишле на интензивна нега, од каде што докторите го однеле до просторијата во која е сместен Лазиќ. Сепак, лекарите дозволиле полицијата да се задржи само две минути, со оглед на здравствената состојба во која се наоѓа Дарко.
Потоа, полицајците разговарале со таткото на пејачот, Милан.
Полицијата си ја вршела својата должност, без разлика на тоа што Дарко е во тешка здравствена состојба, па единственото прашање било на што се сеќава Дарко за време на несреќата.
- Тој рече дека не се сеќава на деталите, но дека е свесен дека се наоѓа во болница заради сообраќајна несреќа. Не е познато дали на несреќата се сеќава од лично искуство или слушнал од докторите и членовите на семејството. За да може да се разјасни случајот, пејачот треба да излезе од животна опасност, бидејќи овој пат полицајците беа ограничени на два минути - изјави извор.
Кога Дарко ќе се опорави, веројатно го чека голема парична казна поради предизвикување на општата безбедност во сообраќајот, возење под дејство на алкохол, без појас и дозвола.