ПОЛНИ КАФУЛИЊА, А ПРАЗНИ ЛЕЖАЛКИ НА ПЛАЖИТЕ ВО ОХРИД
Многуте концерти и настани кои се одржаа изминатиов Охрид во Охрид, го наполнија нашиот најпопуларен туристички центар. Според метежот во сообраќајот на патот од градот кон плажите, Охрид повторно ја понуди позната слика која е својствена за секој викенд.
Поефтино ќе поминам во кафуле, отколку да давам пари за лежалка без пијалок.- плажата „Немо“, вчера во Охрид
Интересно е што плажите беа полни, но не и лежалките туку само кафулињата и баровите. На викенд-туристите кои се главно млади, веројатно им е скапо да одвојат 150 денари за изнајмување на лежалка. „За овие пари подобро ќе си фатам сенка на маса, во барот, и ќе се напијам и пиво и кафе, или пак ќе си купам сендвиќ, отколку да давам пари за лежалка без пијалок“, коментираа туристите.
Променливото време кое не го избегна Охрид ниту викендов, ги налути и локалните продавачи на крофни и на пуканки по плажите. „Не можеш работа да фатиш саглам како човек, постојано врне“, ни изјави еден од нив. (М.Џ.)