Помина низ хорор, половина тело ѝ изгоре во врела вода од 90 степени: Денес е брутално згодна и живее на висока нога
Јована Швоња од почетокот на нејзината манекенска кариера важеше за една од најатрактивните манекенки на Балканот
Манекенката која денес е во брак со српскиот фудбалер Филип Ѓорѓевиќ, со кој ги има ќерката Ноел и синот Леон, во минатото со години беше атрактивна за медиумите поради бурниот живот.
Јована се прослави со појавувањето во спотот на Саша Ковачевиќ за песната „Kako posle nas“.
Сепак, убавата бринета мина низ многу турбулентен и тежок период од животот, кој успеа да го надмине и да продолжи со крената глава.
Имено, медиумите пишуваа дека таа во 2010 година се обидела да се самоубие скокајќи од мостот Дуга во Нови Сад поради сериозна кавга со нејзиното тогашно момче. Сепак, таа ги негираше тие наводи.
„Таа приказна за скокањето од мостот ме прати веќе две години и е првото нешто на кое луѓето мислат кога ќе се спомне моето име. Жал ми е што ги разочарувам читателите, но тој скок никогаш не се случи. Тоа беше несреќен случај, но намерен скок не. Секој што ме познава знае дека сум личност полна со ентузијазам и волја за живот, па оваа приказна е смешна и далеку од вистината“, изјави тогаш Јована.
Две години подоцна следеше нов шок.
Додека снимала едно видео, таа се лизнала и паднала во вода чија температура била 90 степени, при што добила изгореници на педесет отсто од кожата на телото. Покрај тоа, таа остана без коса.
„За среќа, брат ми брзо реагираше и ме извлече, но и тие неколку секунди беа доволни за да почувствувам дека топлината продира во мојата кожа. Тоа искуство не би му го посакала на мојот најголем непријател. Кога ја почувствував водата, никогаш не изгубив свест. Исто така многу добро се сеќавам на се што се случи откако пристигна брзата помош. Поминав три недели во болница. По природа сум весела девојка, па ова грдо искуство не ме промени, па како и секогаш се чувствувам одлично. Насмевката и позитивноста се мојот најголем адут. Откако ја напуштив болницата, не примам друга терапија, освен што редовно нанесувам креми што ми ги препишуваат лекарите", го опиша Јована своето трауматично искуство во една прилика.
Но, таа успеа да го преброди тежокиот период, а потоа во нејзиниот живот влезе Филип Ѓорѓевиќ.
Двојката склучи граѓански брак во 2015 година по двегодишна врска, а една година подоцна се заколнаа на вечна љубов пред Бога.
Во март 2015 година ја роди ќерката Ноел, а на 30 јануари 2017 година пристигна и синот Леон.
Како што пишуваа медиумите во Србија, Јована имала неколку интервенции за кои и самата зборувала. Ги обработила градите и усните од кои подоцна го отстранила силиконот. Таа имаше и операција на носот.
Денеска брачната двојка со двете деца живее во луксузен дом во Рим, бидејќи Филип таму со години го носи дресот на Лацио.