Поранешниот готвач на кралското семејство го откри омилениот десерт на Кејт Мидлтон: Сочен и вкусен, директно од дворецот
Поранешниот готвач на британското кралско семејство го откри рецептот за омилениот десерт на војвотката од Кембриџ...
Кејт Мидлтон води сметка и за исхраната и не јаде многу благо, но има еден десерт на кој војвотката од Кембриџ не може да одолее по вечерата.
Станува збор за традиционален британски десерт „Леплив пудинг од карамела“, но треба да се истакне дека зборот не значи исто во Англија, како и кај нас. Имено, станува збор за чоколадна торта, која се прави со урми, а врз неа се става богат прелив од карамела.
Состојки:
6 урми без семки, исечкани на 8 мали парчиња;
1 лажица сода бикарбона;
1/2 врела вода;
60 грама путер;
170 грама шеќер;
225 грама црно чоколадо;
1 јајце;
230 грама брашно;
1 лажица екстрат од ванила.
Подготовка:
Подгответе го сосот со додавање на шеќер, путер и слатка павлака. Варете го на средна температура, постојано мешајќи, додека не се соединат сите состојки и додека шеќерот не се карамелизира. Преливот поделете го на два дела - едниот дел сипете го на дното од садот во кој ќе го печете колачот и оставете го да се олади.
За колачот, прелијте ги исецканите урми со врелата вода, додадете ја содата, добро измешајте и оставете ја смесата да отстои, додека не се олади. Овој чекор може да го направите и еден ден порано.
Во друг сад со миксер изматете ги шеќерот и путерот, а потоа додајте го јајцето и ванилата. Измешајте го брашното со прашокот за пециво и додадете го во изматената смеса и сето тоа измешајте го. Додадете ја и мешавината со урми, а добиеното тесто истурете го во садот за печење, кој ќе го покриете со фолија. Печете на 180 степени околу 30 минути или додека чепкалката за заби не излезе чиста.
фото: Profimedia/shutterstock