Порасна наследникот на Стефан Богоев и Ивана: Малиот Лука наполни 1 година

Добивај вести на Viber

„Најубава 1 година“ - напиша на социјалните мрежи Стефан Богоев објавувајќи слика од малиот славеник.


Синот на Стефан Богоев денеска полни една година. Малиот Лука, во екипата на Богоеви пристигна лани.


Боегоев со Ивана Анѓеловска стапи во брак во 2018 година, a ја запроси во февруари истата година.

За свечениот момент одбра симболичен датум - нејзиниот роденден. Тогаш, за „Женски Магазин“ ја раскажа нивната љубовна приказна:

- Се запознавме пред скоро девет години. Пред тоа воопшто не се познававме. Се најдовме во „Клуб Картел“ кој тогаш постоеше. Од првиот момент имаше искра и почнавме интензивно да комуницираме. Почнавме и да се гледаме, беше убаво и да бидам искрен уште оттогаш имав претчувство дека ќе трае. Оттогаш, покрај љубовта станавме и најдобри другари, партнери. Споделуваме сѐ. Ивана ми е и најголема поддршка во кариерата, а и јас во нејзината – ни раскажа Богоев тогаш.


View this post on Instagram

A post shared by Stefan Bogoev (@sbogoev)