Пораснав во семејство со 150 браќа и сестри, а иста година со мене се родени 11 од нив: Мури открива како е да се живее со 27 мајки и 1 татко

Младиот Канаѓанец, Мури Блекмор, од најголемото семејство полигамисти таму, неодамна откри на Тик Ток дека пораснал со 150 браќа и сестри од еден татко и 27 мајки! Тој неодамна објави дека семејството ќе се зголеми за уште еден член, така што бројот на деца ќе биде - 151!

20-годишниот Мури вели дека за него било сосема нормално и дека не знае поинаку, а покрај видеото во кое зборува за оваа необична ситуација, тој напишал: „Буквален кревет за деца“.


Мури објасни дека има уште 11 браќа и сестри кои се родени иста година како него, а неговите родители прибегнале кон необичен трик со цел да можат да разликуваат година на раѓање на нивните деца.

„Она што тие го сторија е дека имињата на сите деца родени во иста година започнуваат со иста буква. Така што секој што слави роденден во иста година како мене има имиња кои започнуваат со буквата М“, вели овој млад човек .

Мури е 65-то дете на неговиот татко и честопати на социјалните мрежи објаснува каков е животот во полигамно општество. Неговото семејство некогаш беше дел од мормонската верска заедница. Браќата и сестрите Блекмор не живеат сами со своите мајки, но сите живеат заедно во „мотелска куќа“.

„Лично, не би го избрал овој начин на живот, но многу од моите браќа и сестри го сакаат тоа и ги поддржувам ако тоа е она што ги прави среќни“, рече овој млад човек и додаде дека живеат претежно од градинарството и заедничките напори.


Мури, кој исто така е музичар и текстописец, често објавува кратки записи на „ТикТок“ за тоа како е да се живее во оваа огромна, нетипична заедница и одговара на прашањата на неговите следбеници, а видеата честопати имаат мултимилионски прегледи.


Извор: жена.блиц.рс