Посакувам да си најдам сопатник со кого ќе делам и добро и зло: Новогодишна желба на д-р Софијанова

Проф. д-р. Аспазија Софијанова, директорка на Клиниката за детски болести во Новата 2021 година очекува дека ќе заврши човечката голгота со неможноста да се гушнеме, зошто емоциите луѓето најмногу ги доживуваат со допирот на телата и топлата прегратка.

-2020 Ми беше голема лекција цо животот, која што ме симна под дното, а потоа ме вивна во височините. Искуството со кое се соочув од евентуално губење на животот на еден од родителите, кој за среќа се спаси, ми направи огромни промени во животот. Од еден таков момент, истовремено доживеав и невидена радост, а тоа беше средбата со мојот внук. Сфатив дека животот е раѓање и умирање, а во меѓувреме, ако не се бориш, времето си одминува, тече... Или ќе потрчаш по нештата или времето ќе те згази.

Јас имам навистина богата фамилија, богато семејство, но многу е убаво да се има партнер-сопатник покрај себе за да се сподели и добро и зло, а сето тоа засолено со здравје и љубов. Тоа е мојата искрена желба од дното на душата за 2021 година. Истовремено очекувам дека сето ова ќе заврши, дека ќе биде крај на оваа голема голгота на неможноста да се гушнеме, бидејќи ние луѓето имаме потреба емоциите да ги споделуваме и да ги доживуваме со допирот на телата и топлата прегратка, изјави д-р Софијанова.

Целосната нејзина новогодишна изјава продолжува на Фактор.

(ФОТО) Крштевка и прв роденден за внукот: Д-р Софијанова е баба со стил