Последен ден за пријавување за маратонската магија на 20. Виз Ер Скопски маратон

Уште две недели до маратонската магија, а денес е последниот ден за пријавување на јубилјениот 20. Виз Ер Скопски маратон. Сите поединци, компании и љубители кон трчањето, кои обожаваат пријавување и во последен момент, можат да се пријават уште веднаш на следниот линк - https://prijavi.skopskimaraton.mk/mk/events/wizz-air-skopski-maraton-2024/register Пријавувањето се затвора на полноќ вечерва (20.09.2024). Заради големиот интерес и ограничените места, можно е пријавувањето да биде затворено порано, ако се пополни предвидениот број на учесници. Затоа, ако сакате да бидете дел од ова големо спортско случување, побрзајте и обезбедете си место навреме.

Организаторите упатуваат апел и до сите заинтересирани компании, кои сакаат да се вклучат со свој штанд на претстојното Виз Ер Маратон Експо, кое ќе трае од 04.-05.10.2024 (петок-сабота) во СЦ Јане Сандански во Скопје, да побрзаат со пријавата за учество на експото, а воедно и да ги изненадат тркачите со ново и уникатно искуство во склоп на своите корнери.

Јубилејот на најголемата спортска манифестација во државата вреди да се прослави со илјадници истрчани чекори низ скопските улици во октомври.

На 06.10.2024 (недела) Виз Ер Скопски маратон својот значаен 20ти јубилеј односно првите две децении од постоењето на омилениот спортски настан во државата, ќе го одбележи заедно со најупорните, најхрабрите, најенергичните тркачи, со пријателите, со партнерите, со сите љубители на светот на трчањето и од земјата и од странство.

За овие 20 години, Скопје стана центар на едно од најголемите спортски случувања во регионот, привлекувајќи илјадници тркачи и љубители на спортот од различни страни од светот. 20 годишното незаменливо искуство за беспрекорна организација на најголемата спортска манифестација во државата е една од главните причини зошто Скопје е на глобалната мапа на маратоните низ светот, но, токму тркачите, како и нивната енергија и креативност на патеката, се срцето на секое издание на Виз Ер Скопскиот маратон.

Еден од најиновативните љубители на трчањето и лојален тркач на Виз Ер Скопскиот маратон е и Христијан Проданов, кој секоја година ја изненадува јавноста и организаторите со нов, оригинален костим, кој ги бранува навивачките групи долж патеката во главниот град. Во какво издание ќе се појави Христијан на стартната линија на 6ти октомври?

Вклучете се во предизвикот на Христијан Проданов и Виз Ер Скопски маратон, а првиот точен одговор ќе биде награден со уникатен подарок (јубилеен дуксер) од организаторите и ќе биде објавен и одбран по завршување на маратонот. Предизвикот на Христијан е достапен на Facebook и на Instagram на официјалните профили на Виз Ер Скопски Маратон - https://www.facebook.com/share/r/1Bavs5oD126NxFCd/ како и на https://www.instagram.com/reel/DAGR6vNOfme/.

Маратонската традиција, која започна во 2004 година, со секое наредно, успешно издание прерасна во настан од меѓународен карактер, кој го промовира спортот и здравиот живот, но и убавината, гостопримливоста и енергијата на градот. Благодарение на добрата организација и долгогодишната доследност кон маратонот, Скопје е воведот во оваа впечатлива маратонска приказна, која ги обединува сите љубители на трчањето, од амбициозни почетници до врвни професионалци.

Организаторите на Виз Ер Скопски маратон очекуваат рекорден број учесници, бидејќи веќе се пријавени над 13.000 тркачи од повеќе од 55 земји, кои ќе дојдат во Скопје за да ја искусат оваа уникатна тркачка авантура. Со својата дводецениска традиција, Виз Ер Скопски маратон стана симбол на сплотеност и неверојатен спортски дух. Рекордот претходно беше постигнат во 2019 година со 12.500 тркачи на тогашното издание на маратонската манифестација.

Овој 6-ти октомври учесниците ќе имаат можност да трчаат низ улиците на градот, да ги искусат предизвиците на патеката, но и да ја почувствуваат поддршката на локалните жители, кои со своето навивање го прават маратонот уште поубав.

Секој маратонец и полумаратонец на финиш ќе добие медал со мотивите од Скопје како спомен за една успешно завршена трка, додека учесниците на Штафетниот маратон добиваат медали кои симболизираатцелина и тимски дух.

Скопје веќе 20 години е буден сведок на секој истрчан километар и на секој атом енергија што учесниците го вложуваат во Виз Ер Скопскиот маратон, даваат нова надеж за градот. Секој маратонски чекор за Скопје значи спортски подвиг и секоја тркачка авантура остава длабока трага во неговото спортско богатство.

Оваа маратонска магија не само што ги поврзува спортистите од различни краеви на светот, туку и го разубавува Скопје, претворајќи го во атлетска зона, во која секој е добредојден. Прославете го овој голем јубилеј и бидете дел од историјата на Виз Ер Скопски маратон, затоа што секоја трка е нова приказна, секој учесник е нов херој, а секој километар поблиску до финишот е нов успех.

Да навиваме заедно во утринските часови на главниот град на 6ти октомври!

пр објава