Посни палачинки: Меки како душа, тенки и вкусни исто како мрсните (РЕЦЕПТ)

Добивај вести на Viber

Уживајте во омилениот десерт...

Има одличен рецепт прилагоден на посните денови, а вака подготвените палачинки се меки и вкусни, како и мрсните!

Состојки: 

-1 литар топла вода, 

-500 гр брашно, 

-1,5 лажици шеќер

-8 лажици масло 

-1,5 лажички прашок за пециво

-1,5 лажички сода бикарбона, 

прстофат сол

За декорација и убав шмеки користете бадеми и индиски ореви 


Подготовка: Измешајте ги состојките во брашното и додадете ја водата. Измешајте се со рака со жица за матење и печете во тефлонска тава. Пред печење на секоја палачинка, ставете капка - две масло.


Забелешка: Од оваа мерка се добиваат околу 20 палачинки, во зависност од тоа колку тесто ќе ставите. Може да се случи да бидат малку крути по печењето, но се што треба да направите е да ги оставите да стојат 15 минути ненамачкани, па убаво ќе омекнат.



Чоколадна кокос торта: Сочна, лесна за правење и се топи во уста (РЕЦЕПТ)