Постара и помлада сестра - нераскинлива врска за цел живот
фото:unsplash
Што вели науката - зошто помладите сестри им се важни во животот на постарите сестри
Психолозите тврдат дека оние девојки кои имаат
постара сестра се ментално постабилни и дека постарата сестра има позитивен
ефект врз сите аспекти на развојот на помладата сестра.
Може да се скриете зад вашата постара сестра кога
сте во неволја. Да ја замолите да ги извршува вашите должности за вас. Ја
позајмувате нејзината најубава облека (понекогаш и без прашање).
А науката за односот на помладата сестра со
постарата тврди дека:
Поради неа,
твоите родители беа попоустливи со тебе
Истражувањата покажуваат дека родителите се
построги кон првото дете и имаат построги правила. Заблагодарете се на вашата
постара сестра што поради неа не сте морала да го искусите тоа.
Таа е многу
заслужна за формирање на вашата личност
Таа е секогаш до вас, да ве советува за оние
работи што сè уште не сте ги искусиле. Нормално е да се огледувате на неа затоа
што таа ви помага да созреете во секоја област од животот. Иако често не сме
свесни за тоа, постарите сестри многу ја обликуваат нашата личност, особено за
време на детството.
Ви дава
голема поддршка, што е особено важно во вашите тинејџериски денови
Научниците веруваат дека растењето со сестра го
намалува чувството на осаменост и вина за време на адолесценцијата затоа што
секогаш имате некој што го познавате и кој ве прифаќа и ве сака. Покрај тоа,
беше заклучено дека постарата сестра нè прави љубезни и сочувствителни луѓе.
Таа ве сака
безусловно
Да се има сестра значи да се има потпора за цел
живот. Некој кој навистина те познава и кому може да му веруваш кога имаш
проблем. Постарата сестра во детството, но и подоцна, научила да ѝ го „чува
грбот“ на помладата сестра и да ѝ помага кога и да било.
Од врската на помладата сестра и постарата, таа
добива одлични животни лекции, учи да се грижи за другите, на трпеливост и
одговорност. Помладите сестри добиваат потврда дека таа е навистина вредна за
некој во животот и дека некој ја сака неизмерно.
Извор: zenskikutak.rs
Случајност или многу повеќе: Славица го сонувала кнез Лазар, па родила две деца на Видовден