Постари или помлади мажи-што е подобро? Одговорот го даваат експертите

Добивај вести на Viber

Љубовта нема правила. Некои жени сакаат помлади, а некои постари мажи, но кои се подобри за љубов?

Сигурно не постои жена која барем еднаш не ја привлекла постар маж, па затоа и „паѓаат“ на нив... Многу дами одлучуваат да го поминат животот со многу постари мажи, а нивните врски се уште не се одобрени или разбрани од многумина.

1. Постарите мажи се многу позрели

Тие веќе го истражувале светот и стекнале одредено искуство. Откриле што ги интересира, постигнале кариера и сега можат целосно да се посветат на семејството и работата. Ја поминале „дивата фаза“ и сега во нивен интерес е да се смират.

2. Донесуваат помудри одлуки

Не се впуштаат во непромислен ризик, но благодарение на животното искуство, кое ги научило на многу лекции, носат помудри одлуки.

3. Односите со нив се постабилни

Знаат што сакаат и не се оптоваруваат себеси или другите со непотребни игри.

4. Повеќе помагаат во домашните работи

Знаат дека тоа им е важно на жените и не мислат дека помагајќи во домашните работи ќе изгубат дел од машкоста.

Дополнително, тие веројатно го доживеале самечкиот живот кога и онака морале сами да ги извршуваат таквите работи.

5. Знаат дека треба да ги третираат жените со почит

Сфаќаат што им треба на жените и што ќе ги направи среќни, а во текот на минатите врски веројатно научиле како да избегнат одредени проблеми, па врската со нив е многу поедноставна.

Освен тоа, тие не се фокусирани само на себе и на своите партнерки им посветуваат повеќе внимание отколку помладите мажи.

6. Обезбедуваат чувство на сигурност

До сега веројатно веќе имаат изградено кариера, како и финансиска стабилност и повеќе не бараат романтични авантури туку стабилна врска.

Комбинацијата од сето ова на жените им дава чувство на сигурност!


Фото: freepik

Извор: пулт24инфо

„Со сопругот спиеме одделно“: Со години не делат ист кревет, сега признаваат какви последици има тоа врз нив