Гушкајте ги децата секој ден: Потресно писмо на мајка која загуби сѐ во грчкиот пожар

Добивај вести на Viber

Потресното писмо кое го објавија грчките медиуми го напиша очајна жена која во страотниот пожар ги загубила двете малолетни деца и својот сопруг. Останала без 13-годишната Евита и 11-годишниот Андреас. 

Името на мајката не е објавено, но медиумите објавија дека госпоѓа Фитро ги изгубила децата и 54-годишниот сопруг Григорис во пожар во атинскиот кварт Мати.

Фитро за време на страшните пожари не била дома. Таткото се обидел да избега од огнот со децата и истрчале до раб на провалија длабока 15 метри, и немале друг избор освен да скокнат.

Медиумите објавија дека Евита била јуниорска шампионка во велосипедизам и можела да стане нова спортска ѕвезда. Настапувала за славниот грчки клуб АЕК.

Грчкиот новинар и пријател на семејството Фитрос Бабис Папапанајоту прочита на телевизија дел од писмото на скршената мајка откако го изгубила своето семејство.

„Се обидувам да бидам како моето девојче, кое секогаш беше силно и тоа го докажуваше на многу начини. Знам дека Григорис дал сѐ од себе да ги спаси децата. Тоа што не успеал е Божја волја“.

Сѐ уште го слушам гласот на мојот сладок Андреас, кој ми кажа: „Мама, се плашам, многу сум загрижен, но не треба да доаѓаш тука. Не сакам да се обидуваш да дојдеш, сѐ е затворено и нема да успееш“.

„Се обидов да стигнам до нив, четири часа се обидував да се пробијам но не успеав. Немам зборови. Изгубив сѐ. Гушкајте ги своите деца секој ден“.