Позираа прегрнати: Убавата турска актерка Зејнеп на вечера со Новак Ѓоковиќ (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Една од светските ѕвезди што ја видовме на трибините на Мундијалот во Катар е Новак Ѓоковиќ, кој беше гостин на престижната гала вечера по финалето.

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ имаше можност да ужива гледајќи го Светското првенство во Катар, каде беше забележан во ВИП ложата за време на финалето меѓу Аргентина и Франција.

Српскиот спортист одлично се забавуваше на натпреварот, по што им честиташе на организаторите на турнирот и на победниците.
- Му честитам на Катар што го организираше многу успешниот Мундијал. Беше чест и привилегија да присуствувам на финалниот натпревар кој беше еден од најдобрите фудбалски натпревари на кои сум присуствувал. Ви благодариме за ова спектакуларно искуство! Честитки за Аргентина! – изјави Новак на Инстаграм.


Како што пренесуваат тамошните медиуми, тенисерот по финалниот меч присуствувал и на престижната гала вечера организирана по тој повод.

На овој настан присуствуваа голем број познати личности, а меѓу нив беше и турската убавица, актерката Зејнеп Утку. Таа потоа сподели фотографија на Инстаграм на која позира во прегратка со Ѓоковиќ.


- Прекрасна вечера со пријателите вечерва. Прекрасно беше што ни се придружи Новак Ѓоковиќ, таков инспиративен талент – напиша убавата Турчинка во описот.

Инаку, Зејнеп Утку зад себе има неколку многу успешни серии, а најактуелна е Yazgi.



извор:GLOSSY

Новак и Јелена повторно на врвот: „Избравме да одиме по патот по кој одат козите“

Отмено за финале: Јелена Ѓоковиќ го маѓепса Торино каде Новак го освои трофејот на завршниот Мастерс (ФОТО)