Познатата актерка објави дека има рак на белите дробови: Никогаш не сум запалила цигара во мојот живот

фото:profimedia

Комичарката и актерка Кејти Грифин вели дека никогаш во животот не запалила цигара, но дека без оглед на тоа ѝ дијагностицирале рак на белите дробови и половина од нејзините бели дробови ќе бидат отстранети.

Кејти Грифин штотуку објави дека има рак на белите дробови и се подготвува за операција.

„Лекарите се многу оптимисти бидејќи ракот не напредувал многу, но го зафати левото белодробно крило“, напиша Кејти Грифин (60) во објавата на Твитер. Таа додава дека се чувствува добро и дека не ѝ се потребни дополнителни терапии - хемотерапија или зрачење.

„За еден месец или помалку, ќе трчам како порано“, напиша Кејти.


Во последните четири години, Кејти Грифин имаше голем број деловни проблеми, а се започна во 2017 година кога објави озлогласена фотографија на која држи отсечена глава на кукла која го има ликот на Доналд Трамп. Таа беше цел на жестоки критики од јавноста и медиумите. Ситуацијата отиде толку далеку што дури ѝ беше забрането да се појавува.

извор:zena.blic.rs