Познатиот психолог Лабковски до жените: Еве зошто ви приоѓаат само оженети мажи

Рускиот светски познат психолог Михаил Лабковски е познат по неговите остри и секогаш до срж директни совети

Оние што не можат да ја поднесат вистината, сметаат дека Лабковски е остар и неправеден, но тој секогаш се обидува реално да му пристапи на проблемот и да ги советува луѓето што е можно поконкретно.

На лелекањето на една жена дека не може да запознае „нормален“ маж и дека и приоѓаат само оженети момци, Лабковски вели:

„Верувајте ми, не ви приоѓаат само оженети, вие забележувате оженети мажи. Претпоставувам дека запознавте човек и се покажа дека е оженет. Знаете што ќе му кажете?

„Те сакам, кога ќе ја напуштиш сопругата - јави ми се! Не ме терај да чекам долго!“

Потоа ќе чуете изговори од него: жена ми е болна, детето мора да оди на колеџ, сега не е добро време да ги напушти, итн.

И што се случува: чекате! Чекате и молчите! Па, тоа е твој проблем! А, тој, како и секој друг маж, сака да ги има и двете: жена и љубовница.

Вие свесно избирате да чекате и да бидете жртва.

Не е ваш проблем што ви приоѓаат оженети мажи, проблем е што се согласувате да бидете во врска со оженет човек! “


Фото: ug.ru

Можеби ќе ве интересира:

Вие жените сами сте виновни што сопругот ви е разгален. Никогаш не смеете да го правите ова - Познат психолог советува!