ПОЗНАТИТЕ, ЕКСКЛУЗИВНО ЗА „ЖЕНСКИ МАГАЗИН“ : Роденденски избор од најчитаните приказни

Добивај вести на Viber

Многу домашни познати личности, ексклузивно за „Женски магазин“ споделија дел од своите лични приказни. Денеска е првиот роденден на Женски магазин. На 2 октомври лани, ја започнавме нашата заедничка приказна, со вас, нашите читатели. Актери, музичари, спортисти и многу успешни луѓе од повеќе сфери, ни ја доверија екслузивнноста. Ова е дел од највпечтливите изјави од претходната година.

Пред неполна година, по долго боледување почина сопругата на Влатко Стефановски, Гордана. Познатиот гитарист, за прв пат прозборе за загубарта, за Женски магазин.

„ Изминатиов период ми беше многу тежок на приватен план. Пред една ипол година син ми доживеа сообраќајна несреќа и се повреди многу страшно, и со тоа се занимававме подолго време. За жал, пред три месеци почина мојата сакана, драга сопруга со која што поминав триесет и пет години. Тоа е еден огромен губиток за мене, една огромна дупка во мојата душа и се обидувам преку музиката да се спасам. Се обидувам свирејќи да го изразам сето она што се случува во мене, и за момент да најдам утеха, иако тоа е многу тешко. Сега се грижам за моите деца, ги решавам нивните проблеми, а кога ќе дојде ред и на мене, ќе решам некои и од моите проблеми“, ни изјави Стефановски во февруари.

„ Почина мојата сакана, драга сопруга со која што поминав триесет и пет години. Тоа е еден огромен губиток за мене, една огромна дупка во мојата душа“.- Влатко Стефановски 

Пејачката Ребека ја отвори душата, и го раскажа целиот пат за борбата со болеста на синот Маркијан, туберна склероза. 

„ На тримесечна возраст прв пат ги забележавме симптомите - епилептични напади.  Од тој момент почнаа сите детални испитувања и патувања, консултации низ многу  болници. Денот ни започнуваше со прашањето дали и колку напади ќе има. Морав да пеам и покрај се и по непроспиени ноќи секој ден патував и бев дел од неколку турнеи. Потоа, кога луѓето дознаа дека со Маркијан нешто се случува настапите изретчија. Никој повеќе не ме викаше . Го гледате детето пред вашите очи како се бори за живот и барате терапија која ќе му ги сопре нападите. На два пати Маркијан за малку ќе го загубевме“, ни раскажа Ребека. 

Актерката Весна Бејби Петрушевска искрено прозборе за нејзината ќерка Мина, која беше жртва на педофил.

„ Се борев точно осум месеци ,одев на секое рочиште, гледав право во очи, ги издржав беседите на одбраната (за која патем ви треба челични нерви) и само си зборував сама на себеси дека ова го правам за Мина и за сите други дечиња кои биле жртви. Жртвата не е виновна никогаш. Не знам бејб, мене одамна ми е земен сонот. Мина е мојот херој за цел живот. Кирил беше вистински маж, ден денес се грижи дали сум наспана и дали некој ме изнервирал на работа, дали имаме доволно .Тоа дете пак е од Бога пратено,Кирил е нашиот маж“, е дел од интервјуто со Весна Бејби. 

Оперската дива Весна Ѓиновска-Илкова ја поддржа иницијативата во неготинското село Тимјаник да се отвори дом за деца со попреченост, откако и таа самата, нејзиниот брат, кој е лице со посебни потреби го извадила од лоша државна институција и го згрижила во приватен дом. 

Откако починаа моите родители, Златко долги години беше сместен во псхијатриската болница Бардовци, се до 2010 година, кога решив дека е доста да живее во едни такви услови.- Весна со братот 

„ Мојот брат Златко Ѓиновски има 61 година, и страда од повеќе болести од своето раѓање. Откако починаа моите родители, Златко долги години беше сместен во псхијатриската болница Бардовци, се до 2010 година, кога решив дека е доста да живее во едни такви, исклучително нехумани и нечовечки услови, каде што и на душман не му посакувам да отиде. Од тогаш, тој е сместен во еден приватен дом, веднаш до мојата куќа. Блиску ми е и често доаѓа и кај нас дома. Јас имав подрршка од сопругот и можност да му помогнам на брат ми. Но, што е со оние кои немаат “, раскажа Весна за Женски магазин.

Петар Младеновски-Пеце, се присети на својот брат, ликовниот уметник Димитар Младеновски, кој пред 12 години почина од рак

„ Најголемиот мој херој и борец кој за жал за загуби битката со ракот, но свесен беше што остави зад себе и тоа мислам дека го водеше храбро до крајот. Ќе го паметам по секој момент што заедно сме го проживеале. Од летувањата во Грција секое лето како деца, тепачките и караниците кој што и колку изел или колку сок испил и зошто некој помалку некој повеќе. По сите негови плочи и касети кои ми ги пуштал, по неговите забави дома кај нас во Капиштец, по тоа како со часови знаеше да се затвори и да слика“, ни раскажа Пеце.

Актерката Јана Стојановска го загуби татко ѝ кога имаше 13 години.- со Ненад Стојановски  

„ Јас многу страшно ги преживеав сите тие случувања. Уште повеќе дека никому не му беше ни на крај памет дека тоа ќе се случи. Беше страшно дека беше шок. Сестра ми имаше 9 години , јас 13 , мајка ми 38. Можам да кажам дека се уште ја поднесуваме загубата“, рече актерката Јана Стојановска за својот татко, бардот на македонското глумиште Ненад Стојановски. 

Фолк- пејачот Душко Георгиевски прозборе за денот кога тој и негобвата сестра останале без двајцата родители.

„ Моите родители загинаа во сообраќајна несреќа, кај Алексинац во Србија, во моментот кога се враќаа од одмор. Имав 11 години. Мене и сестра ми не оставија дома. Не знам зошто, можеби за да останеме живи, така ги натерала судбината. Тоа беше еден трогателен настан, во еден миг да немате кому да кажете мамо и тато“, откри пејачот.

На својот татко, кој почина лани, се присети и хип-хоп музичарот Марко Маринковиќ- Слаткаристика.

„Да полетам“ секогаш ќе биде приказна на моето семејство Тоа е наша приказна, но мотивација за секој човек што сака да успее. За мене, една од песните што сега кога ја исполнувам, од срце, со огромна љубов ја пеам за мојот штотуку покоен татко. За сето она на што ме научил и за тоа каков човек направил од мене“, се дел од зборовите на Слаткар.

Менаџерката Љиљана Петровиќ, зборуваше за Тоше Проески на десет годишнината од неговата смрт, во интервју кое го објавивме на 16 октомври лани.

„ Во текот на петте години колку што патувавме и работевме заедно, останаа многу спомени. Секое патување носеше некоја своја анегдота. Најмногу ми остана во сеќавање прекарот тетка Биберче, како што Тоше ме нарекуваше. Тој прекар и денес знае да ми измами насмевка. Ми недостига и неговата насмевка, се разбира“.

„Секој ден ми беше многу тежок и ми поминуваше многу бавно“.- Љупка Наскова-Љубисављевиќ се присети на покојниот сопруг, Дуле од дуото Дуле и Коки 

Четири години по смртта на музичарот Душан Љубисављевиќ- Дуле, неговата сопруга Љупка Наскова- Љубисављевиќ се присети на на својата љубов. 

„ Многу тешко се справував со загубата. Секој ден ми беше многу тежок и ми поминуваше многу бавно. Пешачев секој ден по 20 километри, плачев по улиците и не знаев од каде да почнам. Од  друга страна, имав обврски околу петгодишното дете и работа со деца во училиштето. Ми фали љубовта кон Илијана, неговата посветеност и хармонија во домот, заштитничкиот однос спрема нас двете“.

Минатиот месец, по повод петгодишнината од загубата на Дуле, на него носталгично се потсети и неговиот долгогогодишен партнер од дуото Дуле и Коки и пријател, Коки Јанков.

„ Нема ден да помине а да не помислам на лудориите и глупостите што сме ги правеле со Дуле,  уште од деца, во Пионерскиот дом, па во извидници. Ееј, колку пати логорскиот оган ќе изгаснеше, а ние околу него, не застанувавме да свириме со гитарата и со виолината до сабајле, ама знаевме дека ќе ќариме и по некоја женска. Дуле го сакаа повеќе од мене, тој беше пејачот, нема лутиш. Не ми се зборува секогаш, не секогаш ти се пее и ти се свири, ама одиме понатаму“, ни раскажа Коки.

Познатата ТВ-презентерка Гордана Ѓорчева ни ја отвори душата и искрено проговори за најтешките моменти, по загубата на сопругот, актерот Бранко Ѓорчев.

„ Па, јас немам недраги спомени со Бранко. Бранко беше мојата сродна душа. Тој беше човекот што го сакав повеќе од себе. Бранко беше човекот кој ме чуваше како капка на неговата дланка, човекот кој секој слободен миг сакаше да го помине во заеднички прошетки, заеднички викенди, заедничко кафе кое задолжително го пиевме на улица Македонија, човекот кој не знаеше да се налути за ништо, човек со огромно срце. Толку беше голема неговата грижа за мене што и во неговите последни мигови не мислеше на себе. Само ми рече: Не смеев ова да ти го направам. Гордана само продолжи да се смееш, и биди среќна. Затоа што ја имаш најубавата насмевка на светот. Таква најмногу те сакам, среќна и насмеана!“.

„Бранко беше човекот кој ме чуваше како капка на неговата дланка“.- презентерката Гордана Ѓорчева со покојниот сопруг 

Пејачката Сара Мејс и водителот Димитар Атанасовски, екслузивно за Женски магазин се фотографираа дамо неколку дена пред им се роди ќерката Илина. 

„ Сара е толку чукната, што на неколку дена пред да се пораѓа, игра ора по свадба и планинари за да види каков поглед ќе има од врвот. Оваа година само послабо се возевме на мотор, инаку другото беше исто“, ни изјави Димитар. „Ако се роди на 8 септември, ќерката ќе се вика Северина“, додаде Сара која се породи на 10 септември. 

По свадбата на најстарата ќерка Лора, поранешниот пливачки ас и актуелен претседател на пливачката федерација на Македонија, Александар Маленко им посака среќа и љубов на младенците.

„ На  сѐ што е убаво секој човек треба да се радува. Јас сум многу среќен за мојата ќерка. Нејзиниот сопруг го познавам од многу порано, тие се прекрасна двојка и совршени се еден за друг. Господ нека им дава здравје, среќа и љубов“, ни изјави Маленко.

Многу сум среќен за свадбата на ќерка ми.- Маленко со Лора 

„ Беше горд што сум факултетски образована и што си го остварив сонот. Беше моја ѕвезда водилка, човек за пример, столбот во семејството“, изјави популарната водителка Лила Стојановска која за „Женски магазин“ одлучи првпат јавно да проговори за смртта на нејзиниот татко Милан кој почина пред четири години од канцер.

„ Беше среќен  кога обожавателите ќе ме застанат на улица да ме гушнат и да се сликаат. Единственото нешто за кое ми замери се моите два развода. Немаше конзервативни сфаќања, туку едноставно сакаше да се заштитам себе си“, додаде Лила. 

Искрен како и секогаш, Игор Џамбазов прозборе за својот љубовен живот и за здравствените проблеми.

„ Ми недостасуваат сите жени заради кои не сум можел со години да ги тргнам пепрутките во стомакот кои се разлетуваа секогаш кога ќе ги видев. Ми недостасува мојот град кој за жал повеќе го нема. За жал, не ја најдов својата „жена за добро утро“.. Не сум ни сигурен дали повеќе ја барам. Изгледа чекам самата да се појави. Ама ако. Ќе чекам. Трпението е моето второ јас“. 

„За жал, не ја најдов својата „жена за добро утро“.- Игор Џамбазов 

„ Јас сум добар со здравјето, ама како здравјето да не е добро со мене. Па, ете не знам. Се трудам да ги почитувам препораките на моите лекари. Редовна терапија, физичка активност, откажување од цигарите и алкохолот“, додаде актерот. 

Милица Џаровска