Правам по 50 стомачни: Неда Украден ја откри тајната на добрата форма

Добивај вести на Viber

Со своите 68 години, пејачката Неда Украден изгледа одлично и е една од најнегуваните жени на балканската музичка сцена. Неда неодамна ја откри тајната на добриот изглед.

„Не одам во теретани ниту на аеробик. Секое утро, си правам по 50 стомачни вежби по дома, и тоа ми е ритуал со години. Немам многу трпение за одење во салони за убавина ниту за вежбање во група“, раскажа пејачката. 

Неда со внуците: Душан, Александра и Неда 

„ Работам како пејачка, но и како менаџер, пиар, шофер и стилист. Работам и дома како секоја нормална жена. Најмалку време поминувам во козметички салони. Од пред една година имам и сопствен салон за убавина со кој управува ќерка ми, но најмалку ќе ме видите таму. Тоа, нормално не значи дека не сум негувана. Пред сѐ, водам сметка за исхраната. Одлично готвам, ја сакам далматинската кујна бидејќи таму сум родена“, раскажа таа.

Неда, која е по потекло од Сараево а со години живее во Белград, додава дека нејзин еликсир за убавина се ќерката Јелена и зетот Предраг, но и внуците. Душан има 4 години а близначите Неда и Александра 7.