Пред и потоа: Неверојатна трансформација на Марино кој ослабе 60 килограми

Марино во шоуто „Живот на вага“ влезе со 167 килограми, а излезе со неверојатни 109,2 килограми. Тоа не му беше доволно и продолжи да работи на себе и по завршувањето на шоуто

Кандидатот на четвртата сезона на „Живот на вага“, Марино Маручиќ (27), на својот Инстаграм профил објави фотографија на која спореди како изгледал кога се пријавил на конкурсот и како изгледа сега. Разликата е огромна.

- Тогаш и денес. Има уште работа да се направи, но јас сум на најдобриот пат досега. Имаше подеми и падови во главата на оваа луда личност, но во моментов сум многу задоволен од себе и тоа е најважно - напиша Марино во описот, кој, според сите проценки, е многу горд на својата трансформација.