Пред камерите лекарите му соопштија шок дијагноза: Еве што го чека Крис Хемсворт (ВИДЕО)

Холивудскиот актер и ѕвезда од филмовите на Марвел, Крис Хемсворт (39) работеше на нова ТВ серија за здравјето „Limitless“ во која со ДНК анализа откри дека има осум до десет пати поголеми шанси да заболи од Алцхајмерова болест.

Крис го снимаше шоуто, а потоа направи ДНК анализа, при што лекарите открија дека има опасна комбинација на гени.

- Ова нема да му го соопштам пред камери.

- Ми земаа крв и други примероци и планот беше да ми кажат пред камери што пронашле. А докторот Питер Атија му се јави на Дарен Аронофски и рече дека не може да ми каже такво нешто додека снимаме. Мораме да разговараме со исклучени камери и потоа да одлучиме дали воопшто сакаме резултатите да бидат во епизодата. Бев шокиран кога ми се јави - изјави Хемсворт за „Венити фер“.


Актерот, познат како Тор од филмскиот универзум „Марвел“, не знаел како да реагира на веста дека има дупликат ген APOE4, кој значително го зголемува ризикот од Алцхајмерова болест. Генот го пренеле и мајка му и татко му, а неговите шанси да заболи од Алцхајмерова болест се зголемиле за осум до десет пати.

- Кога ми кажаа, имав многу прашања. Веднаш почнав да размислувам за смртта. Генерално не зборуваме за тоа, мислиме дека со молчење ќе успееме да ја избегнеме смртта, но кога некој ќе ни каже дека е откриено како најверојатно ќе ни заврши животот, реалноста нè погодува - изјави актерот.


Медиумите пренесуваат дека актерот ќе паузира од својата актерска кариера поради сознание за потенцијална болест. Хемсворт одлучи да ја задржи таа снимена сцена во серијата за да се обиде да ги мотивира гледачите да направат слично тестирање и да дознаат повеќе за нивното здравје.