ПРЕД ТОЧНО 40 ГОДИНИ ИМАЛЕ ЗАЕДНИЧКА ТУРНЕЈА: ВЛАТКО СТЕФАНОВСКИ ОТКРИ ЗОШТО ДРАГОЈЕВИЌ Е МАГИЧЕН

Добивај вести на Viber

Малку луѓе знаат дека во 1978 година јас и Оливер Драгојевиќ имавме заедничка турнеја. Во тоа време работевме со ист менаџер, па често ни се вкрстуваа патиштата во поранешна Југославија, им откри на хрватските медиуми Влатко Стефановски. Легендарниот македонски гитарист жали што со Драгојевиќ никогаш интензивно не соработувале, но како што вели, силно се почитувале.

- Оливер беше исклучително музикален човек. Тој е пејач и уметник, имаше извонреден слух, вонсериски сензибилитет и огромен талент за музика. Неговото свирење клавир и оргули беше магично. Во секој жанр беше супериорен. Својата емоција совршено знаеше да ѝ ја пренесе на публиката - раскажа Стефановски.