„ПРЕТАЖНО И НЕРЕАЛНО“: Познатите потресени поради трагедијата, сочувствуваат со семејствата -Нема утеха за ова!

Добивај вести на Viber

Пожарот што избувна во дискотека „Пулс“ во Кочани однесе повеќе од 50 животи. Познатите личности денеска масовно им изразуваат сочувство на семејствата.

Калиопи е особено потресена и се огласи на социјалните мрежи за да ги изрази своите чувства. 

„Шокирана сум и во неверување. Искрено сочувство до семејствата на жртвите. Моја Македонијо“, напиша пејачката со емотикон со скршено срце.

Нејзините колешки Каролина Гочева и Елена Ристеска со истата фотографија изразија неверување и тага поради трагедијата што ја погоди Македонија.

- Сè уште сум во шок, како е можно ова? Кочани, изразувам сочувство за оваа невидена трагедија во Македонија - напиша меѓу другото Елена Ристеска, додека Каролина изјави:

- Каква трагедија, каков страшен, мрачен ден! Длабоко сочувство до семејствата, нема утеха.

Пожарот избувнал околу три часот наутро.

За потсетување, голем пожар избувна околу три часот по полноќ во дискотека во градот Кочани, над 50 лице загина, а околу 100 се повредени.

Владимир Блажев-Панчо од групата ДНК, која настапи синоќа, има изгореници на лицето и раката и е на кислород, изјави неговата сестра Јадранка Николовска.