ПРИНЦОТ ХАРИ И МЕГАН МАРКЛ: Една венчавка, една држава и една милијарда фунти-кој и како ќе се збогати најмногу?

Добивај вести на Viber

Венчавката на Меган Маркл и принцот Хари не е само трансатлантска љубовна приказна која го поврзува Виндзор со Холивуд.

Нивната венчавка на 19 мај ќе им донесе добивка на дизајнерите, цвеќарите, слаткарите и други произведувачи.

Се предвидува дека самата Меган ќе и донесе 150 милиони фунти на британската економија, бидејќи многумина ќе го имитираат нејзиниот стил, пренесуваат британски медиуми.

Севкупно, венчавката на британската економија ќе и донесе повеќе од милијарда фунти, вклучувајќи 300 милиони фунти од туризам, посебно од американските туристи кои сакаат да присуствуваат на тој настан, кој очигледно светот со нетрпение го очекува.


Прочитајте и за:

Полусестрата на Меган Маркл со неверојатни откритија за свадбата на актерката и принцот Хари