Принцови и принцези: Ова се најубавите имиња за бебиња инспирирани од бајките
Од Аурора до Симона, овие ретки имиња од приказните и бајките денес се враќаат на големо, бидејќи членовите на кралското семејство и принцезите се враќаат во мода.
Заспаната убавица, Златокоса или Малата сирена, која беше вашата омилена бајка кога бевте мало девојче? Веројатно се сеќавате како во бајките од нашето детство најубавите имиња секогаш биле резервирани за принцови и принцези.
Бајките се важен дел од литературата во многу делови од светот, но некако најмногу ги поврзуваме со Европа, поточно Германија поради браќата Грим, Франција поради авторот на омилените детски приказни Шарл Перо, Ирска поради генијалниот Оскар Вајлд, како и Данска, од каде што е уште еден од најпознатите бајкописци - Ханс Кристијан Андерсен.
Од принцези до сирени и добри самовили, ликовите од бајките за кои сите знаеме дека толку многу ги сакавме како деца обично имаа убави имиња кои ни се врежаа во сеќавањето. Инспирирани од прекрасните приказни за времето кога кралевите владееле со светот, родителите сè почесто ги избираат овие специјални ретро имиња за своите деца.
Освен што звучат убаво, многумина имаат посебно значење. Еве ги нашите 9 предлози за магични имиња за девојчиња и момчиња достојни за кралските дворови, бидејќи тие се на крајот на краиштата наши мали принцови и принцези.
Анастасија - името потекнува од грчкиот збор „анастасис“ што значи „воскресение“, и често е меѓу светците. Порано им се даваше на девојчињата родени на Божиќ или Велигден.
Ариела - ова уникатно име е изведено од името Ариел, кое е од хебрејско потекло, им било дадено и на девојчињата и на момчињата и буквално значи „божји лав“.
Артур - име од келтско потекло што значи „мечка“, а стана познато благодарение на легендарниот крал Артур кој ги предводеше Витезите на тркалезната маса.
Аурора - име со латинско потекло што значи 'зора', беше и името на римската божица на изгрејсонцето чии солзи се претвораат во капки утринска роса.
Бела - ова поетско име е изведено од името Изабела и значи „Божјо ветување“. Името Бела значи „убава“ на италијански, француски, шпански, грчки и португалски.
Елса - е скратено од Елизабет, кое потекнува од еврејското име Елишева и значи „заклетва кон Бога“, а исто така и „Бог е мојата радост“.
Лили - Лили значи „крин“ на англиски, ова нежно име доаѓа од латинскиот збор „лилиум“ и грчкиот збор „леирион“, а подоцна се користеше како придавка што значи „чист“ и „бел“.
Роза/Роса - женствено и нежно име со латинско потекло што значи „цвет“, односно „роза“.
Симон - ова име е од грчко и еврејско потекло и значело едноставен и чист човек. Името се појавува во Стариот, како и во Новиот Завет.
ФОТО: pexels