Привремено затворање на патот од хотелот Бистра до Леуново во Маврово на 8 Септември поради трката Халк Вело Грин

Добивај вести на Viber

Халкбанк, на 8 Септември 2024 година, во Маврово ја организира петтата по ред трка Халк Вело Грин во која ќе учествуваат околу 300 велосипедисти кои ќе возат трка долга 22, односно 12 километри.

Со цел да се обезбеди непречено и безбедно одвивање на трката, на 8 Септември, од 09:00 до 16:30 часот, сообраќајот ќе биде затворен на патниот правец од хотелот Бистра до Леуново во двете насоки.

Почетокот на трката е закажан за 10:00 часот.

Стартна и целна позиција е паркингот пред Хотел Спорт, каде покрај трката, ќе се одвива и забавна програма наменета за сите гости, поддржувачи и пријатели на велосипедистите.

За деталите и агендата на трката, може да се информирате на каналите на социјалните мрежи на организаторите: https://www.instagram.com/halkeco и https://www.facebook.com/halkvelogreen


ПР објава