Призна дека има биполарно пореметување: Мараја Кери откри што ја спаси

Добивај вести на Viber

Биполарното пореметување на личноста, познато како манична-депресија, ги погодува повеќе од 24 милиони луѓе во светот, а меѓу нив се наоѓаат и бројни познати ѕвезди кои отворено зборуваат во медиумите за својот проблем.

Мараја Кери и Деми Ловато се само некои од тие кои се изјаснија дека боледуваат од оваа хронична болест, која карактеризира пореметување на расположението, и склоност кон тешка депресија и психотичност.

На познатата пејачка Мараја Кери, оваа болест и е дијагностицирана во 2001-ва година. Таа призна дека своевремено живеела во изолација и порекнување на болеста, но по неколку емотивни и професионални падови, сега вели дека се чувствува добро.

- Опкружена сум со позитивни луѓе и го правам она што го сакам- пишувам песни и правам музика- изјави Мараја пред неколку години/

Исто така успеа да го надвладее чувството на осаменост и сфати дека не е единствена која има ментална болест.