Проблемите ги решаваа со знаковен јазик: Дани за родителите кои имаат оштетен слух
Пејачката Дани искрено прозборе за своите родители кои имаат оштетен слух, и за вели дека ја научиле да слуша со срцето. Дани лани го промовираше албумот „Град за љубов“ кој на „Златна Бубамара на популарноста“ доби награда за албум на годината.
„ Моите родители само имаат оштетен слух. Меѓусебното разбирање не секогаш побарува совршено здраво уво. Тоа ме учеа во детството. Фала богу што било така, преку нив научив да разбирам со срцето. Реакции од околината никогаш немало бидејќи моиве имаат нормален говор како сите. Напротив, гледам предности. Една од нив е таа што никогаш во домот немавме викотници од расправии. Нивните недоразбирања ги решаваа со знаковниот јазик, па брат ми и јас никогаш не им ги знаевме реалните проблеми со кои се соочуваат. Денес како прави пензионери, кога ги посетувам, гледам остарени лица што играат карти во дневна со пиво на маса. Тие насмеани, јас уште повеќе“, изјави Дани за Женски магазин.