Прочуен психолог откри 5 сигурни знаци дека сте натпросечно интелегентни: Многу луѓе ги мразат овие особини, а тие се одлика само на генијалци

Добивај вести на Viber

Познатитот психологот Али Фенвик ги користи социјалните мрежи за да ја донесе модерната психологија до секој човек, често објаснувајќи различни техники за подобрување на општата благосостојба и човечкото однесување на едноставен начин.

Поради ваквиот пристап, само на Инстаграм го следат над 400.000 луѓе. Една од темите што реши да ги опфати во еден краток клип се и необичните знаци на интелигенција, односно укажа на човечките карактеристики кои првично не би ги поврзувале со интелигенција. Иако можеби овие карактеристики не се добри, тие се одлика на човек кој е интелегентен.

View this post on Instagram

A post shared by DR. ALI FENWICK  (@modern.day.psychologist)


Прекумерно размислување

Според него, скриениот знак дека некој е повеќе интелегентен е претераното размислување. Дали сте од оние луѓе кои постојано анализираат нешто и се опседнати со тоа? Ако вашиот одговор е да, сигурно имате завидно ниво на саморефлексија и интроспекција, благословени сте со емоционална интелигенција, но зголемената свесност за вашите и туѓите постапки може да ви биде многу оптоварувачка, пишува Sensa.story.hr .

Ноќна птица

Ако сте ноќен був, тоа кажува многу и за вашата интелигенција. Научниците не тврдат дека легнувањето подоцна нè прави попаметни, туку спротивното - повисокиот коефициент на интелигенција е причина за подоцна да си легнете.

Црн хумор и сарказам

Следниот знак е чувството за црн хумор и сарказам. Имено, според Фенвик, како и некои научни истражувања, сарказмот е карактеристика на интелигентните луѓе со брз ум. Исто така, саркастичните луѓе имаат добро влијание врз другите бидејќи кога комуницирате со нив, вашиот мозок мора да работи многу побрзо од вообичаеното.

Кратковидност

Четвртиот знак е кратковидоста, која, судејќи според коментарите, особено ги збунила луѓето, но има научна основа. На пример, во научното списание Nature Communications беше објавено дека поинтелигентните луѓе почесто носат очила или контактни леќи или се генетски предиспонирани да ги носат во иднина.

Сакате да сте сами

Ако сакате поголем дел од времето да го поминувате сами, тоа е и знак на интелигенција, смета психологот. Имено, студија објавена во „British Journal of Psychology“ покажала поврзаност помеѓу способноста личноста добро да се носи со осаменоста е одлика на интелигенцијата. Слободното време го користат за размислување, поставување приоритети, планирање и сето тоа води до поголема самоконтрола.


Фото:screenshot/instagram