Продаваше на пазарче, сега се сврши со милијардер: Животна приказна како на филм
Поради нејзината тешка животна приказна, светските таблоиди дури ја нарекуваат и Пепелашка. Руската манекенка Наталија Водијанова (37) конечно се сврши со долгогодишниот партнер Антоан Арно, син на Бернар Арно, прв човек на конгломератот LVMH во чии рамки функцинонираат брендовите „Луј Витон“, „Диор“ и „Живанши“.
Двојката во 2014 година го доби синот Максим. Семејното богатство им е проценето на 84 милијарди фунти, што Бернар Арно го прави трет најбогат човек на светот, по Џеф Безос и Бил Гејтс.
Водијанова е израсната во едно руско село со самохрана мајка и аутистична сестра, а во младоста работела на пазарче. Баш таму ја приметил моден агент и на 17 години се отселила во Париз. Во 2001 година го запозна својот прв сопруг, британскиот аристократ Џастин Портман со кого ги има ќерката Нева и синовите Лукас и Виктор.