Професор Павлидис, првпат гостин предавач во Македонија

Предавањето во организација на Македонската асоцијација на човечки ресурси и на тема “Булинг на работното место” ќе се одржи на 13ти октомври преку онлајн платформа

Професорот Џорџ Т. Павлидис е основач и директор на наука на 38те Центри за дислексија по методот Павлидис, лоцирани во Грција, на Кипар и во Србија. Д-р Павлидис е меѓународен авторитет во полето на Психологија и потешкотии во учењето, со искуство поголемо од 40 години во институти и оддели за психологија, училишта, образовни институции и медицински факултети на познати универзитети во Англија, Грција и САД.

На 13ти октомври ќе имаме можност неговото предавање да го проследиме бесплатно, преку онлајн кафе семинар во организација на Македонската асоцијација на човечки ресурси (МАЧР). Темата на ова предавање ќе биде Булинг на работното место (Bulling at the Workplace). Ќе се зборува околу точната дефиниција на булинг, споредбата на булинг со конфликт, дискриминација и вознемирување, како ефикасно да се справиме со булингот на работното место за да се избегнат сериозните негативни психо-социјални и економски ефекти, во корист на компаниите и вработените и како да ги заштитиме од влијанието на булингот лицата со посебни потреби како што се дислексија и АДХД.

Овој тип кафе семинари МАЧР ги организира повеќе од 5 години, секој месец, на актуелни теми од професијата за менаџирање на човечки ресурси и други сродни теми од секојдневниот развој во бизнис професијата.

Повеќе информации за пријавување на кафе семинарот Булинг на работното место со професор Џорџ Т. Павлидис се достапни на следниот линк. Дополнително, сите кои ќе се пријават за учество на настанот, ќе имаат можност да набават влезници со попуст од 25% за претстојната 13. Меѓународна МHRA Конференција, во организација на МАЧР.